Заврши проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“
Целта е постигната. Училиштата реализираа соработка на повеќе полиња. Учениците се дружеа меѓусебно, се запознаваа и ги срушија бариерите кои постоеја помеѓу нив. Во ССОУ „Коле Неделковски“ денеска се одржа завршната манифестација во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“. Голем е бројот на активности кои училиштата ги реализираа. Се што работеа изминатата учебна година, тие покажаа на едно место,заеднички пред останатите ученици.
Присутните гости пробаа домашна храна, а ги видоа и народните носии од различни националности, Изложени беа и честитки за различни верски празници. Проектот за МИО се спроведува во соработка со општините. Истиот се реализира со поддршка на УСАИД ,а е имплементиран во повеќе од 400 училишта во целата земја.