По 13-ти пат манифестација „Велигденско јајце“
Во младинскиот парк се одржа 13-тата по ред манифестација „Велигденско јајце“. Тоа е традиционална манифестација која општината започна да ја одржува од 2005 година. Како и секоја година така и овојпат на манифестацијата учествува сите основни и средни училишта од Општината, Детските градинки, Интернатот и невладините организации кои се одзваа на поканата. Целта на манифестацијата е да се негува традицијата, обичаите, културата, верата. Истовремено преку ваквите манифестации се развива креативноста кај децата.
Тие во изминативе денови на часовите по ликовна култура, работеа на најразлични начини и техники за украсување на велигденски јајца, за денеска истите да бидат презентирани на штандови пред граѓаните на Велес. Манифестацијата има продажен карактер. Сите изложени јајца се продаваат,а заработените средства учесниците ги користат за сопствени потреби.