ГОК Борец убезбеди пласман во плеј оф
Оваа натпреварувачка сезона докажа дека заложбите на Општина Велес за инвестирање во спортот се покажаа како исправни. Во првата година по неговото формирање, Градскиот одбојкарски Клуб (ГОК) Борец, на крајот на регуларниот дел на првенството тие се пласираа на трето место на табелата и обезбеди настап во плеј офот. Ова практично значи дека Велес има два клуба во ракомет и во одбојка, клубови кои се финасирани од општината и кои се дел од плеј офот во овие два спорта, успех што одамна не е постигнат на терените во градот.
ГОК Борец годинава покажа дека со труд, мотивација и тренинг може да се стигне до целта. Пред почетокот на сезоната целта беше пласман во плеј офот и задоволни сме што тоа е постигнато. Посебно сме горди на фактот што успехот е постигнат со домашни играчи кои потекнуваат од нашиот град.