Пролетно „крпење“ на дупки по улиците на Велес
Екипи од фирма ангажирана како најповолен понудувач започнаа со пролетното „крпење“ на дупките по улиците на градот. Во наредните денови тие ќе работат на повеќе локации со цел санација на сообраќајниците кои беа оштетени. Дупките кои беа детектирани како критични се асфалтираат.
Ова се дел од редовните активности на Општина Велес предвидени со програмата за комунални дејности. Потребата од „крпење“ на сообраќајниците се појавува по зимскиот период кога асфалтната подлога трпи најголеми оштетувања од студеното време, но и од количествата сол и песок кои се користат за топење на снегот и мразот.