Во Велес одбележан Денот на победа над фашизмот и Ден на Европа
Граѓаните на Велес денеска го одбележаа 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа. Делегации од Општината положија свежо цвеќе на костурницата, споменикот на жртвите на фашизмот од Велес и велешко. Учениците од средниште училиште одржаа турнир во мал фудбал. На турнирот секоја екипа претставуваше една земја членка на Европската унија. На Денот на Европа, Велес го посети Словачкиот амбасадор во Р. Македонија, Мартин Безак. Тој ја истакна соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња во рамки на општествениот живот.
Амбасадорот Безак имаше средба и со претставници на Советот на млади од Велес на која се разменија искуствата за функционирањето, можностите и развојот на младите во Европската Унија. За Општина Велес евроинтеграциите не се само агенда. Најзначајно од се е свеста за Европските вредности да допре до секој граѓанин, а тоа може да се направи единствено на непосреден начин, преку блиска соработка со граѓаните.Токму затоа улогата на општината е повеќе од значајна. Имајќи го предивид овој факт, Општина Велес во секојдневното работење чекори европски - одговорно, професионално, транспарентно и отчетно во корист на своите граѓани. Европските начела се длабоко навлезени во секојдневниот живот во Велес. Сите генерации велешани, вклучувајќи ги и најмладите се дел од нашата европска слика.