Изгласан ДУП за Трпезица

Советот на Општина Велес на вчерашната 68 седница позитивно се изјасни по точката на дневниот ред: Одлука за донесување на Детален Урбанискички план за местото викано „Тепезица“.
Новиот плански опфат е со површина од 41,77 хектари. Со овој Детален урбанистички план предивдени се 361 парцела за изградба на индивидуални куќи, 2 плацеви за градинки и 1 за изградба на Трговски центар.

Дел од овие плацови се изградени. На нив веќе постојат објекти кои сега ќе се вклопат во планот. На останатите плацови каде нема изгадено никакви објекти сега многу полесно може да се извади дозвола за градба.
„Истовремено денеска сакам да апелирам дека Општина Велес ќе направи се што е во нејзина моќ овој план во целост да се почитува. Тоа значи дека во местото викано „Трпезица“ ќе се запазат сите стандарди при изработка на сообраќајници, тротоари и стамбени единици„рече Славчо Чадиев Градоначалник на Општина Велес.
Во последниве четири години Општина Велес донесе вкупно 37 урбанистички плански документации како што се: Детални урбанистички планови кои се однесуваат за град Велес, но и Урбанистички планови вон населено место, Локални урбанистички плански документации и Општи акти кои се наменети за населените места надвор од градската средина.