Се уредува дел од улицата Рилски Конгрес

Започнаа градежните активности на улицата Рилски конгрес или поранешна Игманска. Се работи на дел во должина од 400 метри со кој се поврзуваат улиците Тодор Јанев и Сараевска. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев беше на лице место и направи увид во работите. Тој истакна дека е задоволен од сработеното досега и очекува дека набрзо овој потег од улицата ќе биде готов.

Проектот за реконструкција се изведува по барање на граѓаните на оваа улица. За реализација се издвоени повеќе од 2 милоиони денари, средства од Буџетот на Општина Велес. Во изминативе четири години во општина Велес, асфалтирани, бетонирани или попочени со бекатон се 102 улици.