Темелна реконструкција на улицата Орце Мартинов
Во тек е реконструкција на улицата Орце Мартинов. Градежни екипи се на лице место и започна поставување на нов бетонски слој со дебелина од 10 сантиметри. Поради состојбата во која претходно се наоѓаше улицата целосно се вади претходната бетонска подлога, одново се врши тампонирање, а потоа се поставува нов слој. При тоа се води грижа улицата цело време да биде проодна за сообраќај. Реконструкцијата на улицата се изведува во барање на жителите од овој дел на градот и Урбаната заедница.
Денеска на увид на лице место беше и Градоначалникот, Славчо Чадиев. „Сакам да го изразам моето задоволство од начинот на кој се изведува реконструкцијата. Ова е една од улиците која реално е во многу лоша состојба и потребата од овој зафат е неопходна. Со реконструкцијата опфатени се над 300 метри, почнувајки од крајот па се до делот кој е поплочен со коцка. Тој дел ќе се реконстуира во наредниот период, откако прво екипите на ЈКП Дервен ќе постават нова воводовна линија и ќе се изврши приклучувањето на семејствата. Тогаш ќе продолжи реновирањето кое ќе ја опфати целата должина на улицата„рече Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев. За оваа фаза од реновирањето, која ќе се реализира деновиве, издвоени се околу 1,5 милиони денари. Проектот за реконструкција на улицата Орце Мартинов е предвиден во годишната програма за работа на општината.