Одбележан денот на пожарникарството
Во Територијалната противпожарна единица од Велес денеска одбележан Денот на пожарникарството. Во присувство на Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, командирот на единицата Љупчо Лепидовски и останати гости, пожарникарите изведоа две показни вежби. Правилно пристапување и гасење на пожар, како и извлекување на лице од запален автобус. Територијалната противпожарна единица денеска додели плакети и прогодни подароци со што им се заблагодари на дел од институциите и медиумите за добрата соработка во изминатава година.
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев порача дека во наредниот период ќе се изготви четиригодишна стратегија за противпожарната единица од градот. Составен дел од неа ќе биде планот за вработување и екипирање со човечки потенцијал, но и модернизирање на опремата и следење на стандардите.