Ученици од Новогард, Полска во посета на Општина Велес
Делегација составена од ученици и наставници од училишниот центар „Станислав Сташица“ од градот Новогард Република Полска, во посета на Општина Велес. Таа е дел од соработката со збратименото ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес. Денеска остварија средба и со Градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата тој им посака да го запознаат градот и велешани, да направат добри спомени со кои ќе се вратат дома. Соработката која трае цели осум години вклучува посета на учениците од Полска во Велес и обратно.
Освен училиштата таа се прошири и помеѓу Општина Велес и Полскиот град Новогард, како и Вардарскиот плански регион и регионот Голенов. Истовремено со оваа посета ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ се во Полска. Една од главните цели на оваа соработка е унапредување на наставниот процес и примена на добрите образовни практики.