Германска инвестиција во Велес

„Лутекс Македонија“ дел од Германската „СТС Текстајлс“ Групација, официјално започна со работа во погоните на некогашниот свиларски комбинат „Нонча Камишова“. Во моментов во „Лутекс“ работат 20-тина вработени кои изработуваат производи од индустриски текстил. Од менаџментот на фабриката потврдуваат дека до крајот на годинава обемот на производство ќе биде зголемен за пет пати, а со тоа и бројот на вработени ќе достигне до 100. Во наредните пет години компанијата има план да вработи до 1000 лица. Германската инвестиција досега иснесува 3 милиони евра.

До крајот на годинава таа ќе достигне до 4 милиони. Во наредниот период со зголемување на производствот се очекува инвестицијата да достигне 7,5 милиони евра. Компанијата веќе има потпишано договори за извоз со фирми од Германија, Франција, Италија, БиХ. Во наредниот период се очекува и пробив на пазарите во САД. Со отворањето на фабриката „Лутекс“ во просториите на поранешниот комбинат „Нонча Камишова“ сега работат четири фабрики, од нив две се странски инвестиции, а останатите две домашни.