Се асфалтира улицата Орце Шутев

Механизација и работници од фирма изведувач денеска изведуваат градежни активности на улицата Орце Шутев, од левата страна на градот. Таму се поставува асфалтна подлога во должина од околу 180 метри, на вкупна површина од 1200 метри квадратни. Во текот на денов ќе биде асфалтирана улицата и плоштадот „Варналиите“. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска беше на лице место и изврши увид во активностите.

Реконструкцијата на улицата Орце Шутев е дел од програмата за комунални дејности на локалната самоуправа. Инвестицијата изнесува 1,2 милион денари. Со градежните активности е опфатен првиот дел од улицата, каде што претходно беше заменета и поставена нова водоводна линија. Останатите делови каде нема нови линии ќе се реконструираат откако тие ќе се заменат.