Нов покрив на спортската сала „Гемиџии“

Воведување во работа за изведба на проект „Реконструкција на кров“ во спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Сите страни вклучени во проектот денеска ги финализираа последните детали. Во наредните денови ќе започнат градежните работи. Инвестицијата во вредност од 7 милиони денари е на Агенцијата за млади и спорт, со инвеститор е Општина Велес, а крајниот корисник е Јавното претпројатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“.

Изведувач на работите е компанијата “МЗТ Инженеринг“ од Битола. Тие најавија дека градежните работи ќе бидат завршени за пет месеци. Тогаш обејктот ќе има нов лик е ќе биде целосно функционелен. Реализацијата на проектот ќе значи решение за еден од најголемите проблеми во функционирањето на објектот од неговата изградба во 1981 година.