Се бетонира улица во Превалец

Започнаа градежните активности на улицата Шефки Муратов во велешката населба Превалец. Се бетонира делот во должина од 250 метри со кој се поврзува црквата. На увид во градежните активности денеска беше и Градоначалникот на Општина Велес. Според исказите на надлежните во фирмата изведувач, доколку дозволат временските услови, улицата ќе биде бетонирана најдоцна до крајот на оваа недела.

За реконструкцијата е избрана оваа улица, по барање на урбаната заедница. Жителите од населбата Превалец ја означија како најприоритетна. Инвестицијата е во висина од 900 000 денари, средства кои се од Буџетот на Општина Велес.