„Света Троица“ во велешкото село Мамутчево
На покана на месната заедница, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска присувствуваше во велешкото село Мамутчево. Повод е одбележување на христијанскиот празник „Света Троица“, слава на ова населено место.
Според православните обичаи, на осветеното место, каде е започната да се гради нова црква, мештаните дојдоа да запалат свеќи, да кажат молитва за здравје на блиските и да бидат дел од литургијата кога ја изврши свештеник од Повардарската епархија. На денешниот ден една од желбите на повеќето од околу 350 жители на Мамутчево е наредната слава да ја дочекаат во новата црква.