Заврши асфалтирањето на улица Орце Шутев

Улицата Орце Шутев има целосно нов лик. Заврши асфалтирањето на делот каде претходно беше заменета водоводната мрежа. Асфалтен слој има на површина од 1200 метри квадратни. Освен улицата се уреди и малиот плоштад со летниковец. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска присувствуваше на завршување на асфалтерските работи.

Потоа изврши увид во целокупните активности. Асфалтирањето на улицата значи подобри услови за граѓани кои гравитираат во тој дел на градот. Корисната површина е со значително подобар квалитет. За изведување на градежните работи издвоени се 1,2 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Велес.