Свечено отворени 54-те Рацинови средби

По 54-ти пат Велес дише со ликот и делото на најголемиот македонски поет Коста Солев Рацин. Свечено се отворени овогодинешните „Рацинови средби“. На првиот ден од манифестацијата се доделија наградите: „Антологија на болката“, која се доделува за најдобра дебитанста необравена поетска збирка од современ македонски поет која ја доби Митко Апостолов и „Напиши љубов во 140 карактери“ наменета за корисниците на Твитер која ја доби Марица Тренчева.

На отворањето љубителите на уметноста и на пишаниот збор ја видоа и програмската целина „Азбучарење по Рацин“, се одржа Беседа за Рацин и традиционалниот Поетски митинг на кој се претставија претставници од Друштвото на писателите на Македонија и од Клубот на писатели од Велес. Претходно делегации од Општина Велес положија свежо цвеќе на спомен костурницата, а припадниците на АРМ истрелаа почесен плотун. Пред присутните настапи и Камрниот црковен хор „Св. Пантелејмон“. Рациновите средби годинава официјално започнаа со традиционалната изложба „Грнчарски средби Велес 2017“, која беше отворена во ликовниот салон.