Општина Велес најтранспаретна во 2017
Општина Велес е прогласена за најтранспарентна општина во Република Македонија.
Така покажуваат резултатите од испитувањето кое во изминатиот период го реализираше невладина организација, Центар за граѓански комуникации од Скопје.
Истражувањето се базирало на активната транспаренност на општините во 2017 година, но и на дел од државните институции.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека со „Индекс на активна транспаретност“ од 83,6 проценти Велес е прво рангиран во конкуренција на 97 општини и државни институции.
По Општина Велес на второ и трето место со цели три проценти помалку се Битола и Струмица.
Општина Велес е потранспаретна и од сите министерства во Владата на Република Македонија кои исто така се дел од ова истражување.
Под активна транспарентност се подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива, без притоа некој да има доставено до институцијата барање за пристап до информации.
Ова практично значи дека граѓаните на Велес се најмногу информирани за податокот каде општината ги троши нивните пари. Граѓаните се информирани за сите проекти и плаќања кои ги врши локалната самоуправа во текот на годината.
Според Центарот за граѓански комуникации кои го извршија ова истражување:
- Активната транпарентност и помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари
- На овој начин се промовира принцип на добро владеење и интегритет
- Институцијата е поефикасна бидејки подобро располага со информациите.
Транспаретноста отсекогаш била една од главните карактеристики на Општина Велес. Денеска ве уверувам дека така ќе биде и во иднина. Градоначалникот и Општина Велес не кријат ништо околу работењето на оваа институција.
Иако Велес е најтрансперентна Општина во Република Македонија. Таа е во оние 3 проценти на институции кои имаат „многу добра“ активна трансператност, сепак и натаму ќе се стремиме за подобрување на индексот на исполнетост од 83,6. Затоа што сметаме дека сеуште има мал простор за напредок на ова поле.