Во Иванковци ќе се гради црква!

Состанокот на кој присувстуваа Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, Митрополит Повардарски господин Агатангел, претставниците на Месната заедница од Иванковци и Црковниот одбор заврши успешно.

Се направија и последните договори околу почетокот на изградба на црква во едно од најголемите населени места во Општина Велес. Објектот, за кој има готов проект, ќе биде лоциран на почетокот на селото. Во близина на училиштето и новото повеќенаменско игралиште. Ова значи дека по точно 100 години, откако првиот христијанин се населил на тоа подрачје ќе се изгради храм каде верниците ќе можат да бидат поблиски во верата. Камен темелник и осветување ќе се одржи на 29-ти јули.