Ракометен спектакл во Велес со Европскиот шампион
Велешани ја преполнија спортската сала „Гемиџии“ на натпреварот ГРК Борец – РК Вардар во рамки на 10-тото коло од ракометниот плеј оф во Супер лигата. Не се памети кога љубителите на спортот и ракометот последен пат биле во толку голем број на еден натпревар.
Денеска ги бодреа најдобрите европски ракометари, Стоилов, Македа, Дујшебаев, Цинкдиќ, Карачиќ, Милиќ, Абутовиќ, Шишкарев и останатите предводени од тренерот Раул Гонзалес. Секако голема поддршка добија и домашните играчи на ГРК Борец. Денешниот натпревар е уште еден доказ дека Велес е ракометен град.