Објавени добитниците на награди на Рациновите средби
Здружението на граѓани „ФАД Стоби“ кои трета година по ред се организатори на манифестацијата „Рацинови срадби“ денеска на прес конференција ги објавија имињата на добитниците на награди и приснанија на 54-тото издание кое на 9-ти и 10-ти јуни ќе се одржи во Велес. Добитник на „Рациновото признание за 2017“ е Ана Стојановска за романот „Јас и Лин“.
Од жири комисијата влат дека годинава конкуренцијата била многу голема. На нивна адреса пристигнале квалитетни дела и дури по неколку филтри е избран лауреатот „Почетносто Рациново признание“ за 2017 година постхумно му се доделува на Предраг Матвеевиќ. Наградата „Антологија на болката“, која се доделува за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка од современ македонски поет оди во рацете на писателот Митко Апостолов за книгата „Тело одречено од пливање“. На денешната прес конференција Градоначалникот Славчо Чадиев истакна дека за Општина Велес „Рациновите средби“ имаат големо значење. Ова е една од манифестациите по кои Велес е препознатлив не само во државата, туку и надвор од неа. Манифестација која над половина век го слави ликот и делото на најголемиот македонски поет Коста Солев Рацин.