Средба на тема - Црква во Иванковци
Во велешкото населено место Иванковци, вечерва се одржа состанок на кој присувствуваше Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, претставници од Повардарската епархија и голем дел од мештаните. Тема на средбата беше изградба на црква. Иванковци е едно од најголемите населени места каде нема православен храм за населението.
Но, таа ситуација се чини дека набрзо ќе биде надмината. На вечерашниот состанок беше одлучено наскоро да се постават темели на нова црква. Во наредните денови точно ќе се прецизира локацијата и идејното решение. Многу е позитивно тоа што локалното население изрази голема желба, мотивираност и заедништво наскоро да се започне изградбата на објектот.