Нови клупи и столчиња за две училишта во Велес

ООУ „Св Кирил и Методиј“ и Гимназијата „Кочо Рацин“ добија нови клупи и столчиња. Вкупно 434 столчиња и 217 клупи. Поголем дел од нив се распределени во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Од целокупната бројка таму се распределени 150 клупи и 300 столчиња. Остатокот од 67 клупи и 134 столчиња се доделени во гимназијата.

Набавката на овој инвентар е дел од проектот реконструкција на основни и средни училишта во кои беа вклучени овие две овразовни институции од Велес. Иако не беше планирано, сепак од реконструкцијата во првата фаза останале средства кои Министерството за образование се одлучи да ги искористи на овој начин. Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, денеска изврши обиколка во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Од училиштето рекоа дека се задоволни. Новите клупи и столчиња се стандардизирани и прилагодени на потребите на учениците од основно образование.