Гемијата и учесниците на Вардарската регата стигнаа во Гевгелија

Поминувајќи над сто километри на гемија и чамци, учесниците на Вардарската регата „Гемиџии“ 2017, пристигнаа во Гевгелија. На крајната дестинација гемиџиите на новото време ги дочекаа делегации од Велес и Гевгелија. Учесниците во регатата кои истовремено пристигнаа на целта изразија задоволство од можноста на овој начин да ја продолжат традицијата на Гемиџиите а истовремено и да уживаат во пловењето по Вардар.

Годинешната Вардарска регата се одржува по 19-ти пат од кога е започната во 1984 година. Истата е во чест на 114 години од делото на Гемиџиите.