Започна 19-тото издание на „Вардарската регата Гемиџии“.

Велешани ја продолжија традицијата. Претпладнево Гемиџиите запловија во водите на Вардар. Водниот пат долг 140-тина километри до Гевгелија ќе го поминат во четири етапи и на целта ќе пристигнат во недела.
На овогодинешното издание на „Вардарската регата Гемиџии“ учествуваат 60 лица. Организаторите Здруженето на граѓани Вадрарска регата Гемиџии најавија дека во наредните денови тој број ќе се зголеми со приклучување на нови учесници.

Традиционално како секоја година пред стартот на регатата, делегации положија свежи цвеќе на споменикот подигнат во чест на Гемиџиите кај Мало мовче.
Вардарската регата ја пренесува приказната на велешките трговци од времето кога за Велес со почит се зборувало во Влашко и Солунско, кога се внесувал овде духот на европските цивилизациски достигнувања.
Но гемијата е цврсто врзана и со револуционерите што трајно ја обележија македонската борба за слобода и самобитност, Гемиџиите.