Прием на претставници од ИВЗ

По повод Рамазан Бајрам, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев го одржа традиционалниот прием за претставници од Исламската верска заедница. На приемот, освен честитки за празникот, беа искажани заложби за зацврстување на добрите односи и соживот кој во општината е на високо ниво.

„Јас лично сум почестен секогаш кога се наоѓам на обележување на некој културен настан или празник што е организиран од граѓаните од исламска вероисповед затоа што имам можност да ги запознаам одблизу обичаите, традицијата, културата на живеење кои во суштина и не се разликуваат многу од христијанските.“ – рече градоначалникот Чадиев Воедно, присутните средбата ја искористија и за да се договорат одредени заеднички активност за во иднина, со кои ќе се решат дел од проблемите и потребите на граѓаните.