Бетониран крак од улица Родна Ивева
Заврши проектот за реконструкција на крак од улицата Родна Ивева лоцирана на левата страна од градот. Нова бетонска подлога е поставена на површина од 200 метри. Вкупно се реконструирани 700 метри квадратни. За реализацијата инвестирани се 800 000 денари, средства од Буцетот на Општина Велес. Улицата претходно беше во лоша состојба, бетонирана од пред 30 години.
Од сега граѓаните кои живеат во овој дел од Велес ќе имаат подобри услови за престој и движење по улицата. На овој крак од улицата Родна Ивева претходно се постави и нова водоводна линија, а се изведоа и сите приклучоци кон домаќинствата.