СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Усвојување на Архитектонско Урбанистички Проект за Стопански комплекс на ГП 1.01 (КП бр. 1516/5 и КП бр. 1537/2), К.О. Мамутчево, Општина Велес

Врз основа на член 51 став10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) член 50 точка 16 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14) Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
по Усвојување на Архитектонско Урбанистички Проект за Стопански комплекс на ГП 1.01 (КП бр. 1516/5 и КП бр. 1537/2), К.О. Мамутчево, Општина Велес

 

Граници на опфатот се :
- На северната страна се граничи со катастарските парцели КП бр.1516/1, како и КП бр. 1516/9 и КП бр. 1516/8.
- На западната страна се граничи со локален патен правец кој води кон селото Мамутчево.
- На југоисточната страна се граничи со заштитниот појас на магистралниот пат Велес –Кочани.
Вкупната површина на просторот во планскиот опфат изнесува 26.30 ha.
Јавната анкета и јавната презентација на АУП За Стопански комплекс на ГП 1.01 (КП бр. 1516/5 и КП бр. 1537/2), К.О. Мамутчево, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на АУП во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 25.07 2017 год до 31.07 2017 год., од 7.30 до 15.30 часот секој работен ден.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.07.2017 година во 10:00 часот во просториите на ОПШТИНА ВЕЛЕС
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.