СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА 13-ТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ПАПРАДИШКИ МАЈСТОРИ 2017

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев го отвори 13-тото издание на Ликовната колонија „Папрадишки мајстори 2017“, кое од 19-ти до 27-ми Август ќе се одржува во спомен куќите на Касапови и Џинот. Манифестацијата која започна скромно во 2005-тата година денеска прерасна во една од најпрестижните манифестации од ваков тип во државата.

Оваа година на колонијата учествуваат над 20 автори од Полска, Франција, Русија, Србија, БиХ, Романија, Украина, Црна Гора, Бугарија, Саудиска Арабија и секако од Македонија што е доказ за реномето кое колонијата го ужива помеѓу уметниците. Сите дела кои во наредниве денови ќе се создадат на колонијата остануваат во сопственост на Општина Велес и ја збогатуваат големата културна ризница во градот. Традиционално на 9-ти ноември кога се одбележува денот на Општина Велес се отвора и изложбата на делата кои се создадени на колонијата во тековната година.