Презентaција на отчет за сработеното на Општина Велес за периодот 2013-2017

Почитувани,
сограѓани, почитувани претставници на медиумите,
Пред нешто повеќе од 4 години, ни ја дадовте довербата да го направиме Велес по мерка на велешани. Да овозможиме во него да растат и работат граѓани кои што својата иднина и иднината на своите деца ќе ја градат тука, бидејќи тука сме се родиле, сме живееле, некои заминале, па се вратиле.

Мандатот го почнавме во град со армија невработени, со граѓани на кои вработувањето им беше главна преокупација, но и со многу неуредени и нереконструирани улици, училишта и кафатрофална состојба во областа на спортот.
За четири години уапеавме да направиме многу проекти на полето на инфраструктурата, економијата, образованието, културата, социјалната заштита, комуналните дејности, спортот, невладиниот сектор.
Во изборната програма во 2013 ветивме 117 проекти – реализиравме дури 370.
Најголем фокус посветивме на економијата. Во Велес за прв пат по неколку децении се отворија фабрики и индустриски капацитети со кои значително се намали процентот на невработени лица. Целосно ја изградивме индустриската зона Караслари. Таму се отвори фабриката Макракт во која работат 450 велешани. Ја уредивме и индустриската зона Мамутчево, најголема во Општина Велес.
За четири години Општина Велес реализираше над 112 проекти за подобрување на инфраструктурата. Реконструирани се голем дел од патните правци. Извршено е асфалтирање на 20 улици, бетонирани се 47 и поплочени 21 улица или делови од нив. Изградивме два нови кружни текови, еден пешачки мост, целосно е реконструиран мостот „Гемиџии“. На повеќе места се изврши поплочување, се изградија потпорни ѕидови и се поставија ракохвати.
Изградени се нови 680 паркинг места.
Вкупната должина на улиците и патиштата кои се реконтруирани изнесува 115,1 километри квадратни. Изградени се 48 водоводни линии , 12 проекти за поставување на канализациони системи.
Горди сме што во изминатите 4 години вложивме многу во образованието. Целосно изградени се 2 нови училишта, во Сливник и во Отовица. Истовремено Гимназијата Кочо Рацин и ООУ „Св Кирил и Методиј“ се целосно реновирани. Топловодни системи се поставија во 9 училишта, покривот е заменет во Клуковец и Чалошево, систем за ладење и нова фасада се постави во Коле Неделковски, но и во клоновите на детските градинки „Димче Мирчев“.
Го изградивме паркот пред ООУ „Васил Главинов“ и кај офицерскиот дом, а се реконструираа паркот пред гимназијата, паркот на Пријателството, паркот пред „Здравствениот дом“.
На 154 улици во градот и во 25 населени места во Општина Велес извршена е реконструкција на осветлувањето. Заменети се 2915 живини светилки.
Културата и натаму останува еден од темелите на општественото живеење во градот. Секоја година во Велес се одржуваат над 100 настани и манифестации. Ќе ја издвоиме 2015 година кога Велес по втор пат беше „Град на културата“. Во таа година се одржаа 250 културни настани и манифестации.
До пред 4 години спортот во Велес беше оставен на маргините. Сега ситуацијата е целосно променета. Ги формиравме градските ракометен, одбојкарски и боксерски клубови. Наскоро ќе се формира и кошаркарскиот. Продолживме со поддршката на спортот во градот преку финасирање на клубовите. Финасиски средства добиваат 48 клубови во сениорска и 18 во младинска конкуренција. За развој на спортот потребна е инфраструктура. Реконстуиран е теренот на градскиот стадион, покривот на спортската сала „Гемиџии“ изградени се тениски терени, фитнес вежбални, повеќенаменски спортски игралишта.
Отчетноста и транспарентноста се нашите главни одлики. Ваквото работење придонесе Општина Велес во 2015 и во 2017 да биде прогласена за најтранспаретна општина во Република Македонија, со поголем степен на транспаретност и од сите Министерства во Владата на Р.М.
Почитувани,
Јас и мојот тим секој ден во изминативе четири години се будевме со помислата дека треба да сториме нешто за нашиот град и максимално се заложувавме да придонесеме за поубава иднина. Тоа е формулата за светла и просперитетна иднина со која ќе се гордеат нашите наследници.