Бетониран дел од улица Андреја Дамјанов

Заврши реконструкцијата на дел од улицата Андреја Дамјанов (поранешна Костурска 2). Фирмата изведувач прво изгради потпорен ѕид во должина од 25 метри, а потоа се постави бетонски слој во должина од 120 метри. Со овие зафати заврши првата фаза од реконструкцијата на улицата.

Пеоктот е дел од Програмата за работа на Општина Велес и за негова реализација издвоени се 550 000 денари. Втората фаза во која треба да се изврши бетонирање на уште 100 метри треба да отпочене веднаш, откако прво ќе се уредат имотно правни одности со еден од тамошните жители. Вкупната вредност на инвестицијата ќе изнесува 800 000 денари.