БЕЗ НИКАВА ДЕБАТА СЕ ВОВЕДУВА ДВОСМЕНСКО РАБОТЕЊЕ ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

Министерството за труд и социјала преку Министерката Мила Царовска на 18-ти Август објави дека е донесена одлука за воведување двосменко работење на Детските градинки. Прва смена од 07:00 до 14:30 часот и втора смена од 14:00 до 21:30 часот, како и нивно функционирање во првата сабота од месецот.
Веднаш по тоа установите добија допис во кој е содржана оваа одлука и истата треба да ја имплементираат во своето работење почнувајки од 1 септемри.

„Денеска сакам јавно да кажам дека тоа е многу тешко да се реализира. Причини има повеќе: Никој од Министерството на труд и социјала не ја контактираше Општината како основач на детските градинки за да побара мислења или став, никој од Министерството не ја контактирал детската градинка „Димче Мирчев“ за да ги слушнат нивните искуства, да прашаат дали имааат просторни услови и кадар, никој од Министерството не ги контактирал ниту родителите. Тие се најповикани. Родителите треба да кажат дали сакаат децата да им одат во градинка во смени и дали времетраењето на овие смени кои се предложени им одговараат, никој од Министерството не спроведе никаква јавна дебата за овој проект. Стручната јавност не дебатираше пред неговото донесување„рече Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.
Ваквите одлуки е потребно добро да се осмислат, да се направат темелни анализи на можностите со кои располагаат установите па потоа да се воведат. Навистина е популискички и во најмала рака незрело да се донесе вака важна одлука и за 13 дена таа да се бара да биде спроведена.
Детските градинки „Димче Мирчев“ во Велес се една од надобрите институции од ваков вид во Репувлика Македонија. Од година на година расте бројот на деца кои таму се згрижени. За да им излеземе во пресрет токму на барањата на родителите Советот на Општина Велес има донесено одлука за продолжување на работното време на институцијата. Во велешките градинки децата се згрижуваат наутро од 05:30 часот, а може да бидат таму до 18:00 часот, се со цел граѓаните кои работат во Скопје, Кавадарци, Штип или во Велес но со работа започнуваат пред или во 07:00 часот да можат да стигнат навреме.
За Општина Велес интересот на децата е пред се. Доколку Министерството за труд и социјала дојде со план и конкретни чекори како да се реализира двосменското работење, а тоа да не биде на штета на родителите или на децата, ние ќе помогнеме тој план да се реализра, во спротивно ќе се спротивиме.