Велешката компанија „Изгрев инженеринг“ ќе го гради Покриениот градски пазар

На јавната аукција која се одржа во текот на вчерашниот ден учествуваа пет фирми. Компанијата „Изгрев Инженеринг“ на негативната аукција која започна од 12,7 милиони денари, понуди најниска цена 10,5 милиони денари и е избрана да ја изгради првата зафа од проектот „Покриен градски пазар“.

Во наредниот период треба да поминат роковите за жалби и да се потпише договорот за реализација. Во првата фаза предвидено е да се работи на подлогата и инсталациите. Додека тоа се реализира долниот дел од пазарот нема да работи. Покриениот градски пазар ќе биде модерен објект на површина од 4000 метри квадратни. Во него ќе има и 16 трговски објекти. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за работа на продавачите на тезгигите, но и на купувачите.