Градоначалникот на Општина Велес денеска на градскиот пазар делеше отчет за сработеното на локалната самоуправа во периодот 2013 - 2017.

 

Во отчетот се сите 370 проекти кои се реализирани во овој мандат. Истовремено голем дел од граѓаните со Градоначалникот споделија мислења и идеи за подобрување во одредени сегменти од градското живеење.

Во наредниот период отчетот на Општина Велес ќе се дели и по домовите. На овој начин уште еднаш се потврдува транспарентното работење на Општината.