ЧЕТВРТИ ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Во водите на Велешкото езеро Младост се одржа Четвртиот пливачки маратон. Учесниците се натпреварува на 2,5, 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција, како и во конкуренција на аматери. Целокупната манифестација помина во одлична организација. Покровител на маратонот и годинава е Општина Велес.
Градоначалникот Чадиев беше дел од посетителите на брегот на езерото. Тој истакна дека општината и во иднина ќе поддржува вакви и слични манифестации кои го промовираат спортот и и здравиот живот. На овогодинешното издание на маратонот учествуваа 70-тина пливачи во сите конкуренции.