Празникот Успение на Пресвета Богородица одбележан во Велес
Стотици граѓани присуствуваа на дводневното одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, која се одржа во велешкиот храм кој го носи името на Успението на Мајката Божја.
На прославата присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев кој на своите сограѓани им упати честитки по повод големиот христијански празник, со искрени желби за добро здравје, радост и среќа, опкружени од своите најблиски и исполнети со мир во душата.