Се нивелираат канализациските шахти
На повеќе локации во градот се врши нивелирање на канализациските шахти со горниот слој на улицата. Оваа активност се изведува по барање на граѓаните кои реагираа дека на одредени делови е тешко да се движат со моторни возила.
Нивелирање на шахтите се изведува на 30 локации во градот. Во поголем број од случаите тие се подигнуваат до ниво на горниот слој на улицата, а на одредени места се спуштаат. Во оваа фаза се изработуваат оние позиции кои се детектирани како најкритични. Во наредниот период ќе се работи и на други локации.