Нова водоводна линија на улица Методија Андонов – Ченто

Поради честите дефекти на водоводната мрежа на улица Методија Андонов – Ченто, Општина Велес и ЈКП Дервен одкучија да се постави целосно нова линија на еден крак од оваа улица и со тоа трајно да се реши проблемот со водоснабдувањето, кој беше актиелен и деновиве откако тој реон на градот по неколку часа остануваше без вода поради пукање на водоводна цевка.

Екипи на ЈКП Дервен од утрово се на терен. Новата линија се очекува да биде поставена во најкраток можен рок. Од Јавното претпријатие информираат дека додека се работи водоснабдувањето ќе биде континуирано. Рестрикции ќе има во периодот кога ќе треба да се изведуваат приклучоците.