Градските спортски клубови на средба со Градоначалникот

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска оствари средба со претставници на спортските клубови кои се формирани од локланата самоуправа и каде општината е главниот финасиски помагател.

На средбата присувствуваа претставници од Градскиот ракометен клуб Борец, Градскиот одбојкарски клуб Борец, Градскиот боксерски клуб Борец, клубот кој сеуште е во фаза на формирање Градскиот кошаркарски клуб Борец и директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“. Пристутните дискутираа за почетокот на новата сезона, плановите, потребите, очекувањата и целите кои ги имаат клубовите во претстојниот период. Преку финансирање на спортските клубови Општина Велес има за цел да формира спортско друштво Борец кое ќе стане бренд на градот и препознатливо име во државни и меѓународни рамки.