Одржан седмиот куп во организација на риболовците од „Кркушка
На патеката на езеро Младост од страната на село Отовица денеска се одржа седмиот куп во организација на Здружението на спортски риболовци „Кркушка“ од Велес. 16 екипи со по тројца членови се натпреваруваа во риболов со јадица на пливка.
Добрата организација и големиот интерес за учество е уште еден доказ дека спортскиот риболов во Велес има голема традиција, а велешките екипи секогаш постигнуваат одлични резултати. Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денеска присувствуваше на отворањето на купот, а тој ги додели и пехарите за најуспешните на овогодинешното изнадие. Купот и годинава беше од меѓународен карактер со екипи од Србија и од Македонија. Најголем улов имаше екипата на Нишава од Ниш и тие го понесоа признанието за најдобра екипа.