Прв училишен ден во велешките училишта
Започна учебната 2017/2018 година. Во училишните клупи во сите основни и средни училишта во Општина Велес седнаа ококу 7000 ученици. За прв пат училишното ѕвоно означи почеток на образованието и за 470 првачиња. Тие денеска се запознаа со нивните наставници и новите другарчиња со кои ќе го делат знаењето во наредните девет години.
Градоначалникот на Општина велес Славчо Чадиев на првиот училишен ден беа во Основното училиште „Блаже Конески“. На сите ученици, а пред се на новите првачиња им посака успех во образованието и да се надградат во идни успешни граѓани на нашиот град и на нашата држава.