ССОУ „Коле Неделковски“ го одбележа партониот празник
Најголемото Средно училиште во градот го одбележа партониот празник. По овој повод делегации од Општина Велес, училиштето, Сојузот на борците положија свежо цвеќе пред спомени бистата на поетот и револуционер Коле Неделковски лоцирана во дворот на училиштето. Пред присутните беше потенцирано значењето на Коле Неделковски во Македонската историја.
На партониот празник членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес имаа поетски настап, се доделија наградите од литературниот конкурс, а поетесата Павлина Климкар Меанџиева доби награда за животно дело. Делегации од Општината денеска ја посетија и родната куќа на Коле Неделковски во село Војница. Таму е поставена изложба на фотографии од сакрална и рурална ахритектура од регионите на Клепа и Азот.