Пешачкиот мост во Башино Село е во изградба
Пешачкиот мост на автопатот Скопје - Велес кој треба да ги спојува црквата „Свети Никола“ во Башино Село и гробиштата во моментов се изработуваат металните работи на конструкцијата откако ќе завршат следува монтажа на мостот.
Целосната должина на пешачкиот мост изнесува 43,06 метри. Со пристапните патеки од двете страни должината на објектот изнесува 60 метри. Мостот ќе биде широк три метри, а делот кој ќе биде наменет за пешаците ќе изнесува 2,6 метри.