Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Денот на незавиноста на Република Македонија
Почитувани,
На 8 Септември 1991 година го остваривме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Гласајќи за независноста им се оддолживме на нашите храбри предци и се обврзавме кон нашите потомци.
26 години потоа го градиме Велес и Република Македонија како место на социјална правда, солидарност и напредок на личниот и заедничкиот живот. Ја негуваме вековната традиција на соживот и на прифаќање и почитување на различноста.
Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето. Ќе има и предизвици, но и нив сплотени ќе ги надминеме.
Со почит,
М-р Славчо Чадиев
Градоначалник на Општина Велес