Осветена е црквата „Св. Кирил и Методиј“

Чинот на осветување го изврши Архиеопископот Охридски и Македонски Господин господин Стефан во сослужение со владиците од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, помеѓу кои секако беше и Повардарскиот Митрополит господин Агатангел.

По осветувањето светштениците одржаа и Света Божествена литургија На чинот на осветување присувствуваше Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и Претседателот на Советот Александар Колев. Новата црква „Св. Кирил и Методиј“ се градеше 11 години. Истата е дело на архитектот Тодор Паскали. Во изградбата беа вклучени многу уметници, архитекти и секако донатори кои помогнаа за храмот да го има денешниот изглед.