Црквата „Цв. Кирил и Методиј“ ги отвори вратите за велешани

Со вечерна богослужба на Митрополитот Повардарски господин Агатангел, Митрополит Брегалнички господин Иларион и Митрополит Дебарско – Кичевски господин Тимотеј, а во сослужение на свештениците на Повардарската епархија се отвори новата црква „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

На вечерната богослужба пристувствуваше Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, Претседателот на Совет на Општина Велес Александар Колев, пратеникот Илија Димовски и стотици граѓани кои дојдоа да го видат храмот и да запалат свеќа за здравје на најблиските. Чинот на осветување на црквата и Света Божествена Литургија ќе се одржи утре во 08:00. Според најавите храмот кој се градеше 11 години ќе биде отворен секој ден од 06:00 со 22:00.