Одбележан 8-ми Септемри Денот на независноста

Делегации на Општина Велес, Советот на млади при Општина Велес, АРМ, Сојузот на борците, политичките партии и Здруженија на граѓани, денеска положија свежо цвеќе на спомен костиурницата во чест на одбележувањето на 26 години независна Република Македонија.

Пред присутните беше истакнато значење на 8-ми септември, денот кога граѓаните на Република Македонија на референдум ја изгласаа независноста. Честивувањето на празникот започна во текот на вчерашниот ден со „Смотра на старограски песни“ која се одржа во амфитеатарот во Младинскиот парк.