ИЗБРАНА ФИРМАТА КОЈА ЌЕ ЈА ГРАДИ ПРВАТА ФАЗА ОД ВОДОВОДОТ КОН РАШТАНИ И БУЗАЛКОВО
Заврши тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на водовод за населените места Раштани и Бузалково. Јавната аукција се одржа во текот на вчерашниот ден, а денеска ќе се објави одлуката. По завршување на роковите за жалби ќе се потпише договор со фирмата која даде најдобра понуда по што ќе започнат работите на терен.
На електронската аукција учествуваа четири фирми, а најповолната понуда изнесува 9,9 имилиони денари, односно 11,7 со вклучен ДДВ.
Наддавањето се однесуваше за изградба на првата фаза од проектот „Изградба на водовод кон населениете места Раштани и Бузалково“, со чија што реализација ќе се реши водоснабдувањето за овие две населен места.