Јавна расправа по Студија за оцена на влијанието врз животната средина за собирање и третман на отпадни води за Општина Велес

Почитувани,

Во рамките на проектот “Подготовка на студии (ФС, ОВЖС, Анализа на трошоци), проектна и тендерска документација за собирање и третман на отпадни води за Општините Велес и Штип”, EuropeAid/137063/IH/SER/MK, финансиран од Европската Унија, инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на ИПА, склучен со и спроведен од Секторот за централно финансирање и склучување договори, Министерство за финансии и имплементиран од страна на SAFEGE во конзорциум со NIRAS, AECOM и SAFEGE DOOEL, подготвена е Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за собирање и третман на отпадни води за Општина Велес.

За таа цел би сакале да ве поканиме на присуствувате на Јавната расправа за студијата за ОВЖС што ќе се одржи во петок, 20 октомври 2017 година со почеток во 11:00 часот. Јавната расправа ќе се одржи во Општина Велес на следната адреса: ул. Панко Брашнар бр.1.

Вашето присуство ќе ни претставува чест и задоволство.

Со почит,
Александар Димишков
Директор на проектот


ДНЕВЕН РЕД

Јавна расправа по Студија за оцена на влијанието врз животната средина за собирање и третман на отпадни води за Општина Велес

Дата: 20 октомври 2017                                                                               

Место: Општина Велес, Сала 2, ул. Панко Брашнар бр.1, Велес

 

ВРЕМЕ

ТЕМА

 

ГОВОРНИК

11:00 – 11:05

Воведен говор

 

Претставник на МЖСПП

11:05 – 11:50

Претставување на Студијата за ОВЖС

 

Кристина Петровска

Експерт за ОВЖС

11:50 – 13:20

Дискусија

 

Сите учесници

13:20 – 14:00

Кафе

 

Сите учесници