Коцевски ја превзема функцијата Градоначалник на Општина Велес
Чинот на примопредавање на функцијата Градоначалник е готов. Од денеска Аце Коцевски и официјално е прв човек на Велес. Тој го доби и клучот на градот. Во своето обраќање пред присутните упати благодарност до граѓаните кои му дадоа подрршка на локалните избори и честитка до новите советници. Коцевски истакна дека за него е голема чест да се биде Градоначалник на Општина Велес, но исто така и голема одговорност.
Според него сите средства општината ќе ги троши наменски и по строго утврдени приоритети. Претходниот Градоначалник Чадиев изрази очекување дека ќе продолжи реализацијата на проектите и развојот на градот со исто темпо како и досега. Истовремено на денешното примопредавање, Општинската изборна комисија (ОИК) ги додели уверенијата на 23-цата челнови на Советот на Општина Велес. Во нареднот мандат советници ќе бидат: Ненад Коциќ, Душко Петров, Весна Стојанова Богоевска, Ќирил Гајдов, Менсур Бачевац, Вероника Ивановска, Маја Хеско, Максут Бакиовски, Стево Крстевски, Пандорка Лазарова Прличкова, Миле Нацев и Марко Илиев од коалицијата предводена од СДСМ, како и Александар Колев, Лилија Чолакова Дервишова, Петре Саздов, Флорентина Ристовска Шурбевска, Ангел Димов, Александар Табаков, Драган Димески, Нада Трајкова, Бесим Ахмедов, Каролина Попова и Славче Радевски од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.